Елитниот ММА борец Лусиано Палхано од Бразил периодов го пренесува своето БЏЏ и ММА искуство во Македонија.

Тој е главен спаринг партнер на еден од најдобрите ММА борци Габриел Бонфим од Бразил.

Бонфим има УФЦ скор 8:1 и ќе биде предизвикувач за УФЦ титула во „welterweight“ категорија на УФЦ.

Палхано е црн појас трет дан во БЏЏ, одликуван од неговиот тренер Admilson „Jaquinha“ Brites.

Лусиано има 21:6 скор во ММА, неодамна на BRAVE FC со апсолутна доминација го совлада еден од најдобрите борци на Балканот Никола Јоксовиќ.

Палхано, имаше можност своето искуство да го пренесе во ТКД „Бутел“ и ги одмери „силите“ со нашиот Дарко Костовски, кој за него ќе каже: Лусијано е пред се мој пријател, тој е врвен борец и заедно имаме големи спортски планови.

Неговото присуство во нашата Македонија, значи не само искуство за нас туку и почеток на една нова боречка приказна.

Македонија, земја на шампиони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде