Александар Волкановски повторно покажа зошто е меѓу најголемите имиња во ММА. На UFC 333 во Абу Даби, тој го совлада Мовсар Евлоев со технички нокаут во втората рунда и ја одбрани титулата во перолесна категорија.

Со оваа победа, Волкановски испрати силна порака до конкуренцијата и уште еднаш го потврди својот шампионски квалитет!

„Легендата“ со македонски корени, останува на врвот и продолжува да освојува.

Оваа победа е уште една во низата на успешни претставувања на Волкановски кој никогаш не заборави од каде потекнува! Македонија засекогаш е дел од неговото срце.

Поместува граници во ММА, и докажува дека е едно од најголемите елитни имиња во овој спорт.

Ова е историски успех за Волкановски, кој со оваа победа го надмина Жозе Алдо по бројот на победи во борби.

Честитки од тимот на Борец.мк, уште еднаш докажа зошто е на врвот како борец но и како личност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде