Кик бокс клубот „Прокик фемили“ дел од Вако Европското првенство за сениори во Скопје.
Стефан Михајловски и Стефан Мојсоски, ќе се борат за златен медал кој го очекуваат по одличните резултати и настапи кои ги имаа со својот клуб на домашната и меѓународната сцена. Да ја претставуваш својата држава и репрезентација е гордост за овие млади борци.


Предизвикот е огромен, но желбата уште посилна!- Да се биде на врвот.

Стефан Михајловски е актуелен светски вицешампион, освојувач на бронзен медал на последното Европско првенство, победник на Светскиот куп во Италија и Балкански шампион за 2026 година.

Тој зад себе има големо натпреварувачко искуство и голем број борби на домашни и меѓународни турнири. Со своите настапи и освоени медали постојано го потврдува својот квалитет и конкурентност на највисоко ниво. Неговите резултати се доказ за континуирана работа, посветеност и сериозен пристап кон кик боксот.

Стефан Мојсоски е натпреварувач со домашно и меѓународно искуство, кој оваа година имаше одлични настапи и борби, а како еден од позначајните резултати е освојување на титулата Балкански вицешампион. Со својата борбеност и посветеност продолжува да напредува и да го гради своето натпреварувачко искуство.

Горди сме на двајцата наши борци и на резултатите што ги постигнуваат со многу труд и посветеност, велат нивните тренери кои посветено работат на нивниот континуиран напредок како на домашната така и на меѓународната сцена!
Во текот на целата година, двајцата натпреварувачи работеа напорно и се подготвуваа за претстојното Европско првенство во кикбокс, кое ќе се одржува во Скопје. Подготовките беа насочени кон постигнување максимална форма и достојно претставување на клубот и Македонија на ова големо натпреварување.

Тимот на Борец.мк им посакува многу успех на престојното Вако Европско првенство во Скопје.
Македонија, земја на шампиони!






