Скопје беше во центарот на Европскиот кик бокс и ги собра најдобрите натпреварувачи од европските земји. На Вако Европското првенство учество земаа 1.023 натпреварувачи од 41 европскa државa, што претставува потврда за големиот интерес и значењето на овој спортски настан.

Особено значајно е што Македонија доби можност да биде домаќин на ваков голем Европски спортски собир, со што дополнително ја афирмиравме нашата држава, македонскиот спорт и организациските капацитети на Кик бокс Маитаи федерацијата на Македонија на меѓународната спортска сцена.
Македонската репрезентација настапи со 33 натпреварувачи во вкупно 34 натпреварувачки влезови, кои ја претставија нашата државата во различни дисциплини и натпреварувачки категории.

По серија победи и порази на нашите натпреварувачи и исклучително тешки борби и противници, во борба со Европската кик бокс елита нашата репрезентација успеа да освои 9 медали – 1 златен, 2 сребрени и 6 бронзени медали.

1. Нелсон Узеир – LK S M -86 KG – златен медал 🥇
2. Стефан Михајловски – KL S M +94 KG – сребрен медал 🥈

3. Силвио Мировски – LK S M -71 KG – сребрен медал 🥈
4. Петре Велков – LK S M -67 KG – бронзен медал 🥉
5. Викторија Варадинова – LK S F +70 KG – бронзен медал 🥉

6. Теа Велковска – KL S F +70 GKбронзен медал 🥉
7. Анастасија Јанческа – K1 S F – 48 KG – бронзен медал 🥉
8. Наум Додевски – LK S M -91 KG – бронзен медал 🥉

9. Марија Димовска – LK S F -60 KG– бронзен медал 🥉
Нашата судијка Елена Неделковска беше прогласена за најдобар судија на татами – жена за што беше одликувана со пехар.
Честитки од тимот на Борец.мк за одличното претставување на нашата земја, Македонија земја на шампиони!!!






