Леа Бошевска дел од репрезентативниот состав на Македонија на Вако Европското првенство за сениори во Скопје. Таа настапува во категоријата до 50 килограми (Кик лајт). На еден од најзначајните кик бокс настани во Европа ќе учествуваат 33 репрезентативци од Македонија. Предизвикот огромен за целиот состав, за селекторот и тренерите.

За Леа ова е огромно искуство, таа доаѓа од КБК „Самурај“ – Битола и постојано е активна на домашната и меѓународната сцена. Потекнува од спортско семејство, и на ова Европско првенство гледа со голема почит, бидејќи ќе има можност да ги „одмери“ силите со искусни борци! Но, искуството и знаењето се на нејзина страна.

Бошевска: Подготовките за ова Европско првенство ги започнав уште во летниот период, заедно со мојот клуб. Во изминатиот период работевме интензивно, со по два тренинзи дневно, со цел да ја достигнам посакуваната форма и да бидам максимално подготвена за предизвикот што следува.

Последниот месец бев дел и од репрезентативните тренинзи, каде што заедно со останатите репрезентативци работевме на подобрување на формата и отстранување на недостатоците.

Очекувам добар настап и верувам во моите можности, како и во квалитетот на целата репрезентација. Голема благодарност до мојот клуб, тренерите и целиот тим за поддршката и посветеноста во текот на подготовките.

Леа Бошевска, важи за едно од позначајните женски имиња во боречките спортови. Со бројни награди, медали, настапи и учества на голем број натпревари.

Тимот на Борец.мк и посакува успех пред стартот на Вако Европското првенство.

Македонија, земја на шампиони!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде