Најмалите нинџи од ТК „Корио“ денес покажаа дека големината не се мери со години, туку со срцето!
🏆 ТК КОРИО освои 6 балкански медали:
🥇 Балкански шампиони
• Миа Јовановиќ 🥇🇲🇰
• Ана Оташевиќ 🥇🇲🇰
🥈 Балкански вицешампиони
• Софија Оташевиќ 🥈🇲🇰
• Матеа Кукоски 🥈🇲🇰
🥉 Бронзени медали
• Андреј Николовски 🥉🇲🇰
• Ива Андреевска 🥉🇲🇰
Секој од нив влезе на борилиштето со огромна желба, храброст и љубов кон Македонија.
Без страв, со борбен дух и со срце оставено на татамито, достојно ги бранеа боите на нашата татковина.
Од ТК „Корио“ упатуваат благодарност до Македонската Таеквондо Федерација за поддршката и можноста овие млади таленти да бидат дел од Балканското првенство и да стекнуваат непроценливо искуство.
Честитки од тимот на Борец.мк






