Пливање, борење, атлетика, таеквондо, одбојка и ракомет. Една земја, еден тим. Сите заедно во еден глас за нас, за нашата Македонија! 130 приказни, соништа и срца кои ќе чукаат за едно знаме. Од 21 август до 3 септември македонските бои на Медитеранските игри во Таранто.
Нашите таеквондисти, подготвени за новиот предизвик. Очекуваат медали, и остварување на уште еден голем сон.

Дејан Георгиевски ќе го предводи тимот на Македонското олимписко таеквондо на медитеранските игри во Таранто 2026.Тој има остварено најголем резултат во историјата на нашата земја- олимписко сребро од Токио.Во нашата делегација се и Милјана Релиќ, Филип Блажевски и Христијан Симоновски.
Медитеранските игри се добро познати за Георгиевски, тој два пати се искачуваше на победничкиот пиедестал-сребро во Тарагона во 2018 и бронза во Оран во 2022. Во Таранто ќе атакува на свој трет медал од Медитеранските игри.

Тројца борци, ги очекува сериозна борба за висок пласман.
Милјана Релиќ (-67 кг)
Филип Блажевски (-80 кг)
Христијан Симоновски (-68 кг)

Македонското таеквондо се издвојува како еден од најуспешните спортови во Македонија. Олимпискиот медал, европските и медитеранските успеси се потврда за квалитетот на нашите борци.

Олимпиското таеквондо најсилниот адут на нашата делегација во Таранто 2026.
Македонија, земја на шампиони!






