Ова ќе биде можност за многу ММА борци од овој регион да се претстават на најголемата сцена, вклучително и за Душко Тодоровиќ.

Тој се најде во центарот на вниманието откако на своите социјални мрежи сподели видео во кое изјави дека најмногу би сакал да се бори против легендарниот Фјодор Емелјаненко во текот на својата кариера.
„Искрено, немам некој конкретен, но Федор ми беше омилен борец кога почнав да тренирам. Тогаш си замислував како се борам против него, но тоа се само соништа. Федор сè уште е еден од моите идоли и примери“, изјави Тодоровиќ.

Покрај него, публиката во Белград ќе има можност да ги гледа и Урош Медиќ, Александар Ракиќ и многу други српски борци, кои ќе дадат сè од себе за да се пробијат на најголемата сцена во овој спорт.






