Вечерва вистински спектакл во салата „Младост“ во Неготино.

Љубителите на боксот ќе имаат можност да уживаат во најдоброто што може да го понуди регионалниот спорт. Интересни борби се најавуваат на „Balkan Boxing 13“ кој за прв пат се одржува во Македонија.

Се очекува возбуда до самиот крај. Откако настанот се одржа низ цела Србија, но и во Сараево дојде ред и на нашата земја.

Ќе гледаме вкупно пет борби. Алмир Мемиќ ќе се бори со Борис Недбал, нашиот Матеј Чатлески ќе се бори со Леон Мариќ, Марко Краљевиќ и Демир Гуламиќ, Вук Вукајловиќ ќе се судри со Филип Достаниќ, додека Санел Хасановиќ за противник ќе го има Динел Фејзиќ.

Алмир Мемиќ (6-0) – Борис Недбал (6-4)

Матеј Чатлески (3-0) – Леон Мариќ (11-23)

Марко Краљевиќ (9-1) – Демир Гуламиќ (13-13-2)

Вук Вукајловиќ (0-2) – Филип Достаниќ (0-4)

Санел Хасановиќ (10-1-1) – Динел Фејзиќ (5-7-3)

Нашиот Матеј Чатлески е најмладиот професионален боксер во историјата на Македонија, откако на само 17 години го имаше своето деби на профи-сцената, а претходно беше и двократен национален шампион во аматерска конкуренција. Потекнува од градот со богата спортска историја- Прилеп, од спортско семејство кое со генерации е вклучено во афирмација на овој спорт.

Тимот на Борец.мк на Матеј му посакува среќа во новиот предизвик!

Македонија, земја на шампиони!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде