Уште еден голем успех за семејството Рустемовски. Младиот Арабел Рустемовски се врати со бронзен медал категорија до 60 кг од Европското првенство во бокс за боксери до 17 години (У17), кое се одржа во Будва, Црна Гора.


Во првото коло убедливо го совлада Белорусинот Јарослау Слијапец со 5:0, а во четвртфиналето извојува голема победа против Италијанецот Цезаре Спацијани со 4:1, со што обезбеди влез во полуфиналето и сигурен медал. Беше запрен во полуфиналната борба откако во полуфиналето загуби со 1-4 од Англичанецот Чарли Кит со што го заокружи првенството со освоена европска бронза за Македонија.

Арабел е еден од најистакнатите младите таленти во Македонија. Бронзата од Будва не е негов прв голем успех, тој има освоено бронзен медал и на Европското јуниорско првенство во бокс во 2025 година, и две години по ред е во самиот врв на Европа во својата генерација.

Арабел потекнува од познатото спортско семејство Рустемовски. Настапува под водство на искусниот македонски тренер Петар Чурлиновски, а својот успех го посветува на Македонија и неговиот матичен клуб.

На Европското првенство настапуваа 495 боксери од 40 земји.

Честитки од тимот на Борец.мк, Македонија имала, има и ќе има врвни боксерски имиња.

Македонија, земја на шампиони!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде