Имаме шампион на светската младинска лига во карате. Одличен крај за полусезоната за карате клубот „Штип“ и за македонското карате.

Марко Џорлев шампион на светска младинска лига во Пореч-Хрватска.

6 победи над Португалија, Германија, Словачка, Србија, Италија и Украина што значи дека Македонија се искачува на врвот на светското кадетско-јуниорско карате.

Вкупно учествуваа 2720 каратисти со 2765 натпреварувачки влезови од 69 држави во светот.

Резултати Карате 1 Младинска лига Пореч:

Кадети
-63 кг
Марко Џорлев: Педро Мораиш (Португалија) 2-0
Марко Џорлев: Дањел Нешковиќ (Германија) 7-0
Марко Џорлев:Рене Пирчак (Словачка) 3-0
Марко Џорлев:Марко Савиќ (Србија) 2-0
Марко Џорлев:Гаетано Сортинауло (Италија) 6-4
Финале
Марко Џорлев: Иван Маценко (Украина) 4-3

Честитки од тимот на Борец.мк до тренерот Жарко Арсовски кој имаше одлична сезона, и секако до Марко Џорлев кој го остави срцето на терен за Македонија.

Македонија, земја на шампиони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде