На изборно собрание на Федерација на Р.С. Македонија за Бразилска Џиу Џица, со едногласна одлука на присутните делегати, за нов претседател на федерацијата беше избран Душко Стојановски.
Душко Стојановски, со богато организациско и промотерско искуство. Како поранешен член на Интернационалната Еспорт Федерација, Генерален Секретар во Македонската ММА Федерација и ко-основач на Студио Бејс, тој има значаен придонес во организација и промоција на бројни национални и меѓународни спортски настани, што претставува силна основа за понатамошен развој и унапредување на БЏЏ сцената во Македонија.
Стојановски ја презема функцијата од Ивица Алексовски, Основач на Д Стронгест, актуелен претседател на Македонската ММА Федерација и еден од најистакнатите спортски лидери во државата, кој во изминатиот 30 години има огромен придонес во развојот и афирмацијата на боречките спортови на национално и меѓународни ниво.



