Натпреварувачите на Таеквондо клуб Штип уште еднаш докажаа дека со труд, дисциплина и посветеност се стигнува до врвот.

На „Balkan Cup“ 2026 – WT G1/E1 во Зрењанин, Србија, нашите борци освоија:

🥇 Душица Бреслиева – ЗЛАТЕН МЕДАЛ

🥉 Паола Арсовска – БРОНЗЕН МЕДАЛ

🥉 Антонио Арсовски – БРОНЗЕН МЕДАЛ

Ново злато, нови медали и уште една потврда дека Таеквондо клуб Штип е синоним за квалитет и шампионски дух.

Со бронза се закити и Драгана Ефтимовска, покажа дисциплина и голема борбеност.

Секој натпреварувач даде максимум, секоја борба беше вистинска битка за клубот, за Штип и за Македонија.

Честитки до сите натпреварувачи и тренерскиот тим од тимот на Борец.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде