Осум медали во индивидуалните категории, покрај историскиот успех во екипна конкуренција за Македонската кендо репрезентација на 16-тото Балканско првенство кое се оддржа во Белград.

Пионери: Михаил Миленковиќ – 1. место, Марко Петрески – 3. место, Максимилијан Климоски – 3. место

Пионерки: Меланија Крстевска – 3. место

Кадети: Валисиј Ристески – 2. место, Гордан Чоланчевски – 3. место

Кадетки: Јована Андоноска – 1. место

Жени: Ивона Лазаровска – 2. место

Ветерани: Пеце Андоноски – 3. место

Овој успех доаѓа по години напорна работа и континуирани настапи во финалните мечеви, каде што досега недостасуваше завршниот чекор до врвот.

Во екипна конкуренција, јуниорскиот тим во состав Илиоски, Чоланчевски и Крстевски освои бронзен медал. Особено значајно е што станува збор за еден од најмладите состави на првенството, што докажува дека македонското кендо има светла иднина. Сениорите: Андреј Александров, Олег Бичковски, Александар Кесковски, Матеј Ивановски и Владимир Пешков стигнаа до златен медал.

Големиот успех претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство, кое ќе се одржи во јуни 2026 година во Подгорица, Црна Гора.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде