Викендов на 27 и 28 јуни во Букурешт, Романија, ќе се одржи Балканското првенство за јуниори.
Нашата Македонија ќе биде претставена од следните натпреварувачи:
Женски
-52 кг Анамарија Стојмиловска
-57 кг Азра Заими
-63 кг Ива Богдановска
Машки
-60 кг Сергеј Димитриоски
-66 кг Игнат Петров
-81 кг Даријан Стефановски
-81 кг Никола Магдески
Нашите репрезентативци ги предводи селекторот на јуниорската репрезентација Александар Фузевски,а на балканското првенство ќе суди и нашиот судија Сашо Димоски.
Им посакуваме многу успех, борбен дух и одлични резултати на сите наши репрезентативци.
Нека достоинствено ги бранат боите на Македонија и нека се вратат со нови спортски успеси и успешно судење на нашиот судија.






