Успешен настап на македонските таеквондисти на силниот Астерикс Куп – Е3 турнир во Србија
На меѓународниот турнир во олимписко таеквондо „Asteriks Cup E3“ во Србија, со учество на над 1400 натпреварувачи од целиот свет, македонските претставници остварија одлични резултати и освоија златен, сребрен и бронзен медал.
Теодор Стојановски (ТКД Бутел) – Јуниор -63 кг
Златен медал и освоени 30 поени за Европски рангинг.
• Прво коло – слободен
• Второ коло – победа 2:0 над Рони Гашински (Израел)
• Полуфинале – победа 2:0 над Марко Смиљаниќ (Србија)
• Финале – победа 2:0 над Душан Ковиќ (Србија)
Душица Бреалиева (ТКД Штип) – Јуниор -55 кг
Сребрен медал.
• Прво коло – слободна
• Второ коло – победа 2:0 над Неда Крстиќ (Србија)
• Трето коло – победа 2:0 над Мајновиќ Мајке (Хрватска)
• Финале – пораз 1:2 од Цвети Славова (Бугарија)
Ведрана Тунески (ТКД Бутел) – Кадет -51 кг
Бронзен медал.
• Прво коло – победа 2:0 над Симона Маринова (Бугарија)
• Второ коло – победа 2:1 над Ема Бикиќ (Хрватска)
• Полуфинале – пораз 0:2 од Викторија Кулишева (Бугарија)
Филип Симоновски (ТК Младост) – Кадет -57 кг
Бронзен медал.
• Прво коло – победа 2:0 над Патрик Лончар (Хрватска)
• Полуфинале – пораз 0:2 од Јаков Џорџевиќ (Србија)






