Спортски натпревар со два тима – „ANACONDA“ и „SCORPIONS“ кој ќе се одржи на Спомен-костурницата во Кавадарци, каде што просторот и амбиентот ќе бидат прилагодени за различните предизвици.
Во секој тим ќе има 6 борци – 3 машки и 3 женски, односно вкупно 12 натпреварувачи.

Натпреварот ќе се состои од различни физички предизвици во кои ќе бидат потребни сила, издржливост, брзина, снаодливост и тимска работа. За да има фер и контролирано натпреварување, ќе има и членови на Армијата како контролори, кои ќе го следат текот на предизвиците и почитувањето на правилата.
Котизацијата за учество изнесува 500 денари, а секој натпреварувач ќе добие пакет кој вклучува протеинска чоколада, стартен број, медал за постигнат успех, бесплатни професионални фотографии и видеа од натпреварот, како и диплома за учество.
Идејата е ова да не биде само обичен натпревар, туку целосно спортско искуство и вистински Survivor предизвик, информираат организаторите на настанот.

Survivor 2 е спортско-авантуристички настан во организација на „BUDOZONE“
Повеќе детали очекувајте наскоро…
Тимот на Борец.мк директно од местото на настанот!!!






