Македонскиот репрезентативец Ален Рустемовски освои бронзен медал на силниот меѓународен турнир „Монтенегро куп“, одржан во периодот од 14 до 21 март, со учество на боксери од над 20 држави.
Со сигурни и квалитетни настапи, Рустемовски уште еднаш го потврди својот потенцијал и квалитет на меѓународната сцена.
Натпреварувањето за него беше прекинато поради повреда здобиена во текот на турнирот, поради што не беше во можност да го продолжи настапот во завршницата.
Националната боксерска федерација му честита за освоениот медал и му посакува брзо закрепнување и успешен настап на следните предизвици.





