Шеснаесетгодишниот талент од Удово Андреј Мишков се закити со златен медал во категорија (кати поединец), на турнирот Империум Опен, кој се одржа во Свети Николе. Со својот талент е вистинска инспирација за младите.
Со голема посветеност, дисциплина и љубов кон каратето Андреј го привлекува вниманието со своите резултати и достојно ги претставува своето родно Валандово и Македонија.
Во февруари годинава Андреј гордо ја претставуваше Македонија на Балканско првенство во карате 2026, кое се одржа во Босна и Херцеговина, каде уште еднаш го покажа својот огромен потенцијал и спортски дух.



