Светското злато доаѓа дома. Младиот македонски каратист Марко Џорлев стана светски шампион, освојувајќи го златниот медал на Светското карате првенство за кадети, јуниори и У-21 во Бјелско Бјала-Полска. Каратистот на Карате клубот „Штип“ и гордоста на Македонија, повторно докажа дека врвот е достижен за најдобрите.
Оствари импресивен резултат од пет победи во пет борби за да стигне до престижното злато за Македонија.

Прва борба: Победа против Алехандро Перез од Куба со 10:6.
Втора борба: Победа против Хозе Андрес Гарсија од Гвајана со 6:1.
Трета борба: Убедлив триумф против Леонс Акоповс од Латвија со 6:0.
Полуфинале: Демонстрација на сила и победа со максимални 8:0 против Јан Мата од Панама.

Големо финале: Победа со 4:1 против Адам Баги од Унгарија за искачување на светскиот врв
Радувај се Македонијо на овој историски успех.
Конкуренцијата беше силна, но предизвикот и желбата за успех уште поголема. Светското злато доаѓа дома.
Честитки за Марко и за неговата пожртвуваност.
Македонија, земја на шампиони!






