Македонската кик бокс репрезентација оствари извонреден настап на ВАКО Балканското првенство кое се одржа од 29 до 31 мај во Нови Сад-Србија, освојувајќи вкупно 66 медали – 13 златни, 25 сребрени и 28 бронзени.
Покрај освоените медали, дополнително признание за квалитетот на македонските натпреварувачи претставуваат и шестте пехари за најуспешни натпреварувачи во своите категории:
Томи Андонов – најдобар помлад јуниор на ринг во дисциплината К1
Калин Бабовски – најдобар постар јуниор на ринг во дисциплината лоу кик
Андреј Смилевски – најдобар постар јуниор на ринг во дисциплината К1
Леа Бошевска – најдобра сениорка на татами во дисциплината кик лајт
Исмаил Туркер – најдобар јуниор на татами во дисциплината кик лајт
Ринор Јахии – најдобар постар кадет на татами во дисциплината кик кајт
Претседателот на ВАКО Балканската федерација и претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија, Дејан Митровски – Урко, беше одликуван со благодарница за вредната поддршка, учество и придонес во успешната организација на ВАКО Балканското првенство.






