Калин Бабоски продолжува со максимална посветеност да освојува медали.

На престижното Балканско првенство кое се одржа во Нови Сад Србија-2026 (WAKO Balkan Championship) во дисциплината Low Kick -63.5 освои златен медал.

КБК „Адора“ докажа дека е еден од водечките клубови во нашата држава, покажувајќи максимална посветеност, дисциплина и борбен дух.

Ова се останатите резултати:

Мимо Чирак-дисциплина Low Kick -71

Марио Пецевски-дисциплина Kick Light -75

Тренерот Ненад Манојловски за Борец.мк изјави дека е задоволен од успехот, но фокусот останува на следниот предизвик.

Горд е што Македонија има одличен резултат, а тие како клуб се дел од оваа приказна.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде