Вистински боксерски спектакл се најавува на плоштадот во Куманово на 12 и 13 јуни сабота- недела.
6.Меѓународен боксерски турнир „Мирослав Петровиќ“. БК Куманово 84 најавуваат боксерски спектакл со учество на боксери од 15 земји.
Се најавуваат боксери од Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Турција, Австрија, Белгија, Германија, Италија, Молдавија, Романија, Бугарија, Унгарија и Косово.
Полуфиналните борби се во петок, а финалните во сабота со почеток во 17 часот.






