Од 6 до 15 ноември 2026 година, спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје ќе биде домаќин на ВАКО Европското првенство во кик бокс.

Ова ќе биде најмасовен кик бокс настан во историјата на Македонија е за сениори, ветерани и паракикбокс.

Десет дена спортско уживање во Скопје на кое се очекува да пристигнат околу 1.400 учесници.

Најдобрите европски борци, врвни тренери, судии и официјални спортски делегации од околу 40 европски држави.

Освен спортскиот примат, овој шампионат ќе донесе и промоција на нашата земја, зголемување на домашниот туризам, и афирмација на македонскита култура.

Настанот е од инклузивен карактер, и според организаторите ќе биде достапен за сите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде