Бронзен медал за Македонија во џудо.

Одличен настап на Балканското првенство во џудо за деца до 14 години кое се одржа во Битола!

Нашиот натпреварувач Виктор Трчков се закити со бронзен медал и уште еднаш го потврди својот квалитет на големата Балканска сцена.

Енил Ајдиноски имаше одличен настап и стигна до мечот за бронза. Иако не успеа да го освои медал со освоеното 5. место покажа голема борбеност, карактер и потенцијал за идни успеси.

Честитки за двајцата натпреварувачи за вложениот труд, посветеност и достојното претставување на Македонија.

Честитки и до тренерите кои го препознаваат талентот на младите борци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде