BRAVE шампионот Борислав Николиќ кој е професионален ММА борец со UFC score 1-0, ќе одржи семинар на кој ќе се работат ММА техники, тактика, движење и практични детали од професионално натпреварувачко искуство.
Тој е познат по својот прекар „Зомби“ и е професионален борец во мешани боречки вештини (ММА) од Србија кој се натпреварува во бантам категорија (до 61 килограм). Важи за еден од најуспешните борци од регионот, а негов најголем успех во кариерата е освојувањето на шампионската титула во организацијата BRAVE CF, по што потпиша договор и доби шанса да се бори во најпрестижната светска организација UFC.

Центарот „The strongest“ е локацијата каде што ќе се оддржи овој семинар.
Членовите на клубот имаат можност да стекнат знаење по цена од 1000 денари.
За останатите учесници цената е 3000 денари, информираат од „The strongest“

30.08.2026
19:00-21:00
Не ја пропуштајте оваа несекојдневна можност да учите од најдобрите!!!
Македонија земја на шампиони!






