„Fight Nation Championship“ продолжува да подготвува исклучително атрактивна програма за настанот FNC 33, кој ќе се одржи на 12 септември во „Арената“ во Загреб.
Организацијата официјално потврди уште еден дуел, кој лесно би можел да биде еден од највозбудливите на целиот настан. Во категоријата (featherweight) ќе се соочат Марко Анчиќ и Лука Ѓоргадзе.

Станува збор за пресметка меѓу двајца борци кои се на самиот врв на дивизијата и кои во мечот влегуваат во одлична форма. Хрватскиот претставник Анчиќ моментално е петти на листата на предизвикувачи во FNC категоријата и сè уште нема пораз во својата професионална кариера. Неговиот биланс од 5-0 потврдува дека тој е еден од најперспективните борци во организацијата.

Од другата страна ќе биде искусниот Грузиец Лука Џиоргадзе, треторангираниот предизвикувач во истата категорија. Џиоргадзе доаѓа во Загреб со импресивен професионален биланс од 12 победи и само два пораза, а серијата од пет последователни триумфи му влева дополнителна самодоверба.






