На традиционалното пеливанско борење кое се одржа во Тополница, штипските пеливани покажаа одлични резултати и уште еднаш го докажаа својот борбен дух.
Освоија 5 златни медали:
Андреј Мишев
Љупчо Коцев
Филип Тодоров
Христијан Димитриевски
Дејан Митров

Ова се добро познатите имиња, кои се закитија со златен медал и освоија прво место.
Тимот на Борец.мк им честита на одличниот успех, храброста и достојното преставување на Штип и пеливанското борење.
На ваков начин, продолжува традицијата во пеливанството во Македонија.
Следниот предизвик, како што најавија е на 20 септември во Студеничани.
Македонија, земја на шампиони!






