По завршената ждрепка, познат е распоредот за првите настапи на нашите репрезентативци:
🔴 Арабел Рустемовски – 60 кг Првиот настап го има на 6 октомври, против победникот од мечот меѓу претставниците на Белорусија и Србија.
🔴 Иса Бајрам – 57 кг На 7 октомври, во програмата од 14:00 часот, ќе се соочи со победникот од мечот меѓу рускиот боксер Ахмед Ибрагимов и грузискиот боксер Мате Воикин.

🔴 Илир Селмани – 52 кг На 5 октомври, во попладневната програма од 14:00 часот, ќе се соочи со Исмил Насирзаде од Азербејџан.
🔴 Леона Фетај – 66 кг На 5 октомври, во вечерната програма од 18:00 часот, ќе боксува против Устина Ануфриева од Русија.
На првенството учествуваат 354 боксери од 40 земји, а нашата репрезентација ја предводи тренерот Петре Чурулиновски.

Зад секој настап стојат многу тренинзи, труд и желба да се претстави Македонија во најдобро светло. Сега е време тоа да го покажат во рингот!
Tимот на Борец.мк им посакува среќа на Арабел, Иса, Илир и Леона. Веруваме во вашите квалитети и можности.
Македонија, земја на шампиони!






