Во Белград се одржа големиот европски куп „Србија Опен“, на кој настапија околу 250 натпреварувачи од 20 земји. Македонските претставници имаа одличен настап во речиси сите категории, потврдувајќи го квалитетот и напредокот на македонското кендо.
На турнирот настапија клубовите Јошин и Охрид, со вкупно 17 натпреварувачи. Беа распоредени во категориите пионери, кадети, јуниори и сениори.
Македонската делегација беше составена од:
Пионери:
Марко Петрески, Максимилијан Климоски и Меланија Крстевска.
Кадети:
Михаил Миленковиќ, Василиј Ристески, Гордан Чоланчевски и Јована Андоноска.
Јуниори:
Димитар Крстевски и Матеј Илиоски.
Сениорки:
Ивона Лазаровска.
Сениори:
Александар Петрески, Александар Кесковски, Дарко Велковски, Пеце Андоноски, Олег Бичковски, Матеј Ивановски и Андреј Атанасовски кој настапи во улога на тренер-натпреварувач.

Во категоријата пионери, македонските натпреварувачи остварија одличен резултат:
🥇 1. место – Меланија Крстевска
🥈 2. место – Максимилијан Климоски
🥉 3. место – Марко Петрески
Во категоријата кадети:
🥈 2. место – Михаил Миленковиќ
🥉 3. место – Јована Андоноска
Во категоријата ученички степени (KYU):
🥈 2. место – Матеј Илиоски
🥉 3. место – Пеце Андоноски

Во екипниот дел од натпреварувањето, македонските кендоки настапија со два тима.
Едниот тим, Јошин Футуро, беше составен од кадети и јуниори – Василиј Ристески, Михаил Миленковиќ, Гордан Чоланчевски, Матеј Илиоски и Димитар Крстевски. Тимот беше формиран со цел младите натпреварувачи да стекнат драгоцено искуство и да се подготват за турнирите и предизвиците што им претстојат во наредните години.
И покрај тоа што имаа исклучително тешки и поискусни противници, младите борци покажаа голема желба за победа, борбеност и карактер, оставајќи одличен впечаток и привлекувајќи го вниманието на присутните во салата.
Првиот тим на македонската делегација, Јошин Охрид, во состав Петрески, Велковски, Бичковски, Ивановски и Атанасовски, одигра одличен турнир. Со пет победи, тимот успеа да стигне до полуфиналето и да го освои одличното 3. место.
Во полуфиналниот меч, македонскиот тим загуби со резултат 2:1 од силната репрезентација на Србија.

За шампион на овогодинешното издание на „Србија Опен“ беше прогласен националниот тим на Унгарија.
Mакедонското кендо покажа потенцијал, борбеност и желба за понатамошен развој.
Честитки од тимот на Борец.мк до сите натпреварувачи за одличниот настап и освоените медали.
Македонија, земја на шампиони!






