Одлични резултати за Македонската џиу-џицу репрезентација на меѓународниот турнир „Источно Сараево Опен“, организиран од Џиу-џицу клубот „Славија“.
Нашите репрезентативци освоија вкупно седум медали — четири златни, два сребрени и еден бронзен медал:

🥇 Ана Ацевска — злато и пехар за најдобар женски борец во категоријата У10
🥇 Марија Треневска — злато

🥇 Антонио Стојчески — злато
🥇 Катерина Ацевска — злато и парична награда од 100 евра, апсолутна категорија

🥈 Павел Темелковски — сребро
🥈 Марко Панчевски — сребро
🥉 Антонио Трајковски — бронза

Тренер на македонската екипа беше Александар Ацевски, додека правдата на борилиштата ја делеше Христијан Јованов — судија со континентална лиценца.
Честитки до сите натпреварувачи, од тимот на Борец.мк






