317 натпреварувачи беа дел од таеквондо турнирот „Охрид опен“ 2026 кој беше во организација на Македонската Традиционална таеквондо федерација и ТК „ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец Охрид.

 Учествуваа клубови и натпреварувачи од Македонија, Молдавија, Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Босна и Херцеговина, Италија и Хрватска, кои приредија врвни борби, атрактивни настапи и вистински спортски спектакл пред присутната публика во СЦ „Билјанини извори“

Настанот уште еднаш потврди дека Охрид и Македонија успешно се позиционираат на европската Таеквон-до ИТФ мапа, а интересот и квалитетот на учесниците покажаа дека „Охрид Опен“ прераснува во еден од најпрепознатливите меѓународни турнири во регионот.

Македонските клубови освоија вкупно 42 медали – 8 златни, 11 сребрени и 26 бронзени медали.

Најуспешен домашен клуб беше „ХВА РАНГ ИТФ“, кој освои 4 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали.

Одлични резултати забележаа и клубовите „Мастер“ со 1 златен, 2 сребрени и 3 бронзени медали, „Ахилиус“ со 2 сребрени и 1 бронзен медал, „ГЕ-БЕК“- Ресен со 3 златни 1 сребрен и 9 бронзени медали, „Сонкал“ со 4 бронзени медали и „Чон-Џи“ со 1 бронзен медал.

Натпреварувачите испратија силна порака за пријателство, почит и соработка меѓу државите и клубовите, вредности кои се темел на традиционалното таеквондо.

Честитки до организаторите на овој спортски настан, им посакуваме многу успех.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде