Голем успех за Душица Бреслиева од Таеквондо Клуб Штип, која освои бронзен медал во категоријата до 55 килограми во јуниорска конкуренција на Европското клупско првенство во Сараево, Босна и Херцеговина.

До одличјето стигна по три исклучително тешки и квалитетни борби, во кои забележа победи против:

Јулија Лонска 🇺🇦 (Украина)

Џелијаз Дурмаз 🇹🇷 (Турција)

Елефтерија Вамвакаки 🇬🇷 (Грција)

Овој медал е резултат на огромен труд, дисциплина, посветеност и шампионски дух.

Успехот на Душица е уште една потврда за квалитетната работа на Таеквондо Клуб Штип.

Покрај вакви талентирани млади спортисти-таеквондисти, Македонија има со што да се гордее.

На Душица и на ТК „Штип“ им посакуваме уште многу врвни резултати.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде