Вистински ММА спектакл се случи во Скопје. Македонската публика докажа дека е „гладна“ за настани од светски ранг. Емоции, сила, доминанација. Фаворитите ги исполнија очекувањата.
Марко Бојковиќ е новиот шампион на FNC во лесна категорија! На историското деби на организацијата „Fight Nation Championship“ во Македонија, српскиот борец го нокаутираше Лом-Али Ескиев за само 49 секунди во првата рунда. Тоа беше кулминација на вечерта исполнета со нокаути и возбудливи пресметки.

Ова беше мојот сон, го остварив по цели 10 години изјави Бојковиќ, кој емотивно се обрати на целата публика и се заблагодари за поддршката.
Марко Бојковиќ – Лом-Али Ескиев: Победа со нокаут, прва рунда, 0:49.
Бојковиќ ја искористи својата шанса и со прецизен удар ја заврши пресметката за помалку од една минута. Со оваа победа тој стана нов шампион на FNC во лесна категорија, додека Ескиев го загуби појасот.
Победата имаше дополнителна тежина за Бојковиќ, кој пред борбата имаше проблеми со коленото. По триумфот, емотивно зборуваше за тешкиот пат до овој момент и за поддршката од семејството и тимот.
Вкупно 11 борби на „FNC 34“ во Скопје. Особено внимание привлече настапот на домашниот борец Ален Амедовски, кој се врати во „својот“ кафез по пауза од четири години. Иако планот беше поинаков и Македонската публика очекуваше победа, Ален не успеа против својот противник Примера. Но, сепак покажа достоинство и остана цврсто на својот став-дека ова не е крај! Особено кога се работи за својата Македонија! Неговото враќање беше едно од најзначајните за публиката во Скопје.

Македонци кои настапија на ММА спектаклот:
-Тоше Цветков пораз од Миљан Ровчанин
-Дино Старчевиќ пораз од Никола Ѓурѓев
-Марко Трајановски совладан од Лука Лаиновиќ
-Апсолутна доминација на единствената дама, Даниела Алексовска ја доби аматерската ММА пресметка против Мина Хациопулу

Честики од тимот на Борец.мк за целокупната организација на настанот. Ова беше ретка можност за Македонската публика во живо да ја види ММА елитата на едно место.
Најголеми честитки до апсолутниот шампион Марко Бојковиќ, кој успеа во остварување на својата цел-победа пред публиката која го поддржуваше од првата секунда!






