Момчето кое ги „надмина“ границите на успехот стана синоним за борбеност, спортски дух и храброст. Калин Бабоски испиша историја на јуниорското светско првенство во кик бокс! Скромен во душа, ама свесен за своите големи постапки. Секојдневно посветен на спортот, со „жед“ да успее на терен, да докаже дека ова е само почеток на патот кој тукушто го започна ова младо момче.

Имавме чест и задоволство да бидеме дел од прославата во чест на неговиот успех. Да бидеш најдобар на светко ниво, не е лесно!, но зад секој успех стои многу работа, откажување од многу нешта, посветеност и максимална доверба во своите тренери. Зад секој подвиг на Калин стои неговото семејство кое со гордост го поддржува на секој натпревар!

Тренерот е клучна „алка“ во целокупниот процес. Бабоски има можност да учи од најдобрите! Неговиот матичен клуб КБК „Адора“ и тренерскиот тим се максимално посветени на неговиот развој во врвен спортист. Сите се особено горди што успеале да изградат вистински спортист-борец, кој има храброст да се спротивстави на секој предизвик.

Последните години, максимално посветен на секој негов успех, на секоја „препрека“ која лесно ја совладува е искусниот Ненад Манојловски, добро познато тренерско име кое изгради голем број на спортисти во Македонија.

Во продолжение дел од атмосферата од шампионската прослава на Калин:
Главни успеси и медали на Бабоски-кој важи за еден од најталентираните млади спортисти во државата
- WAKO Светски јуниорски шампион (2026) во лоу кик до 63,5 кг
- Двократен освојувач на WAKO Светскиот куп (вклучувајќи го и Светскиот куп во Унгарија)
- Четирикратен освојувач на WAKO Европскиот куп (вклучувајќи ги турнирите во Вараждин и Бугарија)
- Балкански шампион
- Победник на престижниот турнир Athens Challenge
Својот најголем кариерен успех го постигна во септември 2026 година на Светското јуниорско првенство на WAKO одржано во Лидо ди Јесоло-Италија каде во финалната борба го совлада српскиот претставник Алекса Алексов.

Честитки од тимот на Борец.мк за огромниот успех кој го достигна Калин Бабоски, упорноста го прави уште појак во желбата да биде на врвот!
Македонија, земја на шампиони!
Благодарност за прекрасната вечер и можноста да бидеме дел од оваа прослава. А каде се шампионите таму е и тимот на Борец.мк!!!
Во продолжение фотографии од неговата прослава:












