Доколку и вие сте ПОБЕДНИК, сигурно го имате брендот „389“!
Како настана оваа урбана спортска приказна и зошто „389“ е синоним за победа?-Темелко Савески дава одговор на нашите прашања!

Борец.мк: Вие сте фанатик за боречки спортови, од прв тренинг по кик бокс, до сериозни спаринзи?
Савески: Страста кон боречките спортови кај мене започна уште пред првите чекори во салата. Боречките спортови не се добри само за физички тренинг — тие се добри и за стварање дисциплина, карактер и начин на живот. По минувањето низ сите фази — од првиот тренинг и совладувањето на основните техники, па сѐ до спаринзи каде што опремата го дава својот вистински испит — сфатив колку е важна квалитетната и сигурна опрема за секој борец. Од тука и дојде идејата за креирање на брендот.

Борец.мк: 389 е бренд кој го освои македонскиот пазар. Зошто 389?
Савески: Најчесто кога ќе ме прашаат зошто 389 им кажувам само да додадат + пред 389 тогаш сите знаеме дека бројот 389 ја носи нашата локална гордост и идентитет (меѓународниот повикувачки број за Македонија). Идејата беше да создадеме автентичен домашен бренд кој нуди квалитетна опрема за боречки спортови. Сакавме нашите борци и рекреативци да носат бренд што е препознатлив тука, но и каде било во светот.
Борец.мк: Комплетна опрема за тренинг, што содржи еден пакет?
Савески: Зависно од потребите на спортистот — дали е почетник или професионалец — нашите пакети се дизајнирани да понудат сѐ што е потребно за безбеден и ефективен тренинг. Еден комплетен пакет обично содржи:
▪ Ракавици за бокс/кик-бокс
▪ Штитници за заштита на нозете
▪ Бандажири за раце
▪ Брендирана облека/маичка за тренинг

Борец.мк: Опрема за мажи и жени, кој е задолжен за финалниот изглед?
Савески: Нашата опрема е наменета за сите кои тренираат посветено, без разлика дали се мажи или жени. За финалниот изглед и дизајнот сме задолжени ние, водејќи сметка за секој детал — од изборот на материјали, па сѐ до естетскиот минимализам и современиот графички изглед кој го одликува 389 „Fight gear“
Борец.мк: Дали планирате 389 да има и гардероба за боречки спортови?
Савески: Апсолутно! Покрај заштитната и борбената опрема, веќе активно развиваме и прошируваме линија на „fightwear“ (маици, шорцеви за борба, спортска облека). Целта ни е 389 „Fight gear“ да биде бренд кој спортистите ќе можат да го носат и во салата за време на тренинг, но и во секојдневниот живот.

Борец.мк: Во моментов работите со опрема за бокс и кик бокс, се размислува ли за опрема за карате и ММА?
Савески: Боксот и кик-боксот беа нашиот природен почеток, но развојот на брендот би сакале да оди во насока на покривање на поширокиот спектар на боречки спортови, да не остане само на бокс и кик-бокс. Моментално разгледуваме и опции за во иднина да донесеме опрема и за ММА ,карате, таеквондо и други боречки спортови.
Борец.мк: Има ли брендот 389 соработка со спортисти, и дали би сакале да соработувате со некој борец?
Савески: Да, исклучително сме горди што веќе соработуваме со извонредни домашни борци и репрезентативци на Македонија кои гордо ја носат нашата опрема и освојуваат медали на домашните и меѓународните сцени. Секогаш сме отворени за поддршка на вистински таленти, посветени спортисти и млади надежи кои ги делат нашите вредности за дисциплина, труд и страст кон спортот.
Тимот на Борец.мк му благодари на Савески за одговорите на нашите прашања.
Бидете дел од оваа успешна „389“ приказна, носете квалитет и вистински домашен бренд!
Македонија, земја на шампиони!






