Повеќе од половина век боксерска историја, шампиони и спортска возбуда во Скопје. Спректакуларно затворено 55. јубилејно издание на меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“ со победа на украинскиот боксер Јуриј Захариев, но и со уште една потврда дека „Златниот гонг“ има важно место во спортот.

Финалниот ден со силна меѓународна конкуренција, настапи на боксери и боксерки, интересни пресметки и признанија. Доказ за истрајноста и посветеноста на сите генерации кои придонеле овој турнир да опстои и да го задржи својот углед. Поддршка на настанот од веќе докажани и искусни спортски имиња.

Резултати

Во машка конкуренција:

47–50 кг Максим Рудик (Украина) 5:0

50–55 кг Јелмир Набиев (Украина) 5:0

55–60 кг Васко Олександар (Украина) 4:1

60–65 кг Едгарас Скурделис (Литванија) 4:1

60–65 кг Габриел Штрајх (Германија) 3:2

65–70 кг Александар Трофимчук (Литванија) 4:1

65–70 кг Марк Лумакин (Украина) 

70–75 кг Јуриј Захариев (Украина) ТКО, Р2

75–80 кг Куиел Џамал (Украина) 5:0

75–80 кг Бесијан Карај (Албанија) 5:0

80–85 кг Матви Рашба (Украина) 5:0

85–90 кг Данило Жасан (Украина) 4:1

+90 кг Андриј Калцеки (Украина) 5:0

Во женска конкуренција:

Маика Одаија (Молдавија) – победа со 5:0.

Лаура Галано Лопез (Шпанија) – победа со 5:0.

Раиса Пискун (Украина) – победа со 4:1

Марина Шевченко (Украина) – победа со прекин

На завршната церемонија беа доделени признанијата за најуспешните поединци и репрезентации.

Официјалните признанија им припаднаа на:

Најдобар боксер и освојувач на Златниот гонг: Јуриј Захариев – Украина.

Најдобра боксерка: Лаура Галино Лопез – Шпанија.

Најдобар македонски боксер: Алин Насуфи.

Најдобра репрезентација: Украина.

Најдобар тренер: Олег Кудинов.

Најдобар судија: Дмитро Лазарев.

Најдобар техничар: Габриел Штрајх – Германија.

Најборбен пар: Башким Бајоку – Косово и Васко Олександар – Украина

Украинската репрезентација остави најсилен впечаток во финалните борби и беше прогласена за најдобра екипа на турнирот.

Особено интересна беше борбата во категоријата од 55 до 60 килограми, во која Башким Бајоку од Косово и Васко Олександар од Украина приредија возбудлива пресметка.

Победата му припадна на украинскиот боксер со 4:1, а двајцата беа прогласени за најборбен пар на турнирот.

Внимание привлече и настапот на германскиот боксер Габриел Штрајх, кој го совлада украинскиот претставник Давид Жижавињ со 3:2 во една од неизвесните финални пресметки. 

Во продолжение погледнете дел од атмосферата на 55. издание на „Златен гонг“ низ објективот на Борец.мк

Македонија, земја на шампиони!!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде