Стефан Михајловски (кик лајт +94 кг) обезбеди пласман во финалето и ќе се бори за златниот медал на Европското првенство во кик бокс кое се одржува во Скопје. Успеа да го потврди својот квалитет!

Денеска интересни борби на терен, возбуда и разочарување. Но, сепак Македонија има со што да се гордее- успесите на нашите млади борци кои оставија срце на терен. Одлична организација, поддршка од трибини, тренери и селектор кој е тука за сите нив.
Бронза:
Марија Димовска
Теа Велковска
Викторија Варадинова
Анастасија Јанческа
Девојките дадоа се од себе, можеше и повеќе но сепак ова е огромен успех.

Што се однесува до остaнатите репрезентативци, засега сигурен е Стефан Михајловски. Утре во полуфинале се борат: Нелсон Узеир, Силвио Мировски, Пепи Велков и Наум Додевски.
Првенството трае до 15 ноември, борбите се во тек-медалите чекаат да бидат освоени!
Им посакуваме многу среќа на нашите борци, Македонија земја на шампиони!!!






