Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски пред 5 години го освои сребрениот медал на Летните олимписки игри (ЛОИ) во Токио, и испиша историја за македонскиот олимписки спорт.

Се потсетуваме на патот на Георгиевски до медалот на ЛОИ 2020:

Алба Кастилјо (Куба) осминафинале 11-8

Сејду Гбане (БСК) четврт-финале 9-4

Кјо Дон Ин (Ј. Кореја) полуфинале 12-5

Владислав Ларин (Русија) финале 9-15

Георгиевски е член на таеквондо клубот „Бутел“, започна скромно но со годините успеа да ја испише олимписката приказна.

Патот до олимпискиот медал не беше лесен, но зад секоја победа и пораз стоеше неговиот тренер Борче Костовски кој и денес е олимписки тренер и човек кој зад себе има плејада на познати борци.

Сребрениот медал на Георгиевски е прв олимписки медал за независна Македонија.

Покрај олимпискиот медал од Токио 2020, тој е освојувач на бронза од Европското првенство (ЕП) до 21 година и на злато од сениорското Европско првенство во 2017 година, бронза од ЕП (до 21 год.) во 2018 година, сребро од Медитеранските игри (МИ) , сребро на ЕП во Сараево, бронза на Европското клупско првенство во Босна и Херцеговина, освоени уште многу натпревари и последен златен медал на елитниот турнир „Скопје опен Г1“.

Тимот на Борец.мк му посакува успех во кариерата, и се надеваме на нов медал од ОИ бидејќи Дејан е пример за талент, упорност и желба за успех.

Македонија, земја на шампиони.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде