Во одлична спортска и работна атмосфера, денеска во спортска сала во општина Ѓорче Петров се одржа вториот (тренинг) од големиот семинар за боречки спортови со еден од најпознатите светски кик бокс тренери, Холанѓанецот Мајк Пасениер (Mike Passenier).

На настанот, учествуваат пред сè искусни борци од Скопје и од цела Македонија. Присутните спортисти имаа ретка можност одблиску да се запознаат со основачот на прочуениот Mike’s Gym, да слушнат совети од неговото богато меѓународно искуство и веднаш да ги имплементираат неговите техники и методи на терен.

Во продолжение ви ја пренесуваме атмосферата од терен:

Интересот за учество на семинарот беше огромен уште од самото најавување, што го потврдува и фактот дека сите слободни места беа пополнети за само неколку дена. Ова е ретка можност да се види Мајк и да се слушне неговото долгогодишно искуство. Впечатоците на учесниците се неверојатни. Организаторот на настанот Димитар Ѓорѓиев со изјава за Борец.мк кој е медиумски партнер на настанот:

Овој настан претставува значаен придонес за развојот на кик боксот и боречките спортови во Македонија, овозможувајќи им на домашните натпреварувачи директен контакт и едукација од врвен светски стручњак.

Вториот тренинг е денеска од 18 часот во Flex Prime, Ѓорче Петров 18-Скопје.

Екипата на Борец.мк останува на терен, наскоро нови детали од денеот исполнет со спорт, знаење, искуство, но пред сè дружење со најдобрите!!!

Македонија, земја на шампиони!!!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде