Македонските репрезентативци во младински категории, заедно со повеќе од 200 натпреварувачи од 18 земји,учествуваа на најголемиот Европски кендо куп „Сакура куп“ во Будимпешта,

Конкуренцијата беше исклучително квалитетна, што им овозможи на нашите репрезентативци да стекнат огромно знаење и искуство.

Најуспешни од Македонскиот тим беа Меланија Крстевска и Михаил Миленковиќ, кои го освоија 2 и 3 место во категоријата пионери.

Останатите успешно ги поминаа групните фази, но беа елиминирани во понатамошниот тек.

Ова беше одлична „лекција“ пред Балканското првенство во Србија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде