Боксерскиот клуб „Пинк Пантер“ од Штип по втор пат ја освои титулата во категоријата „Олимписки надежи“ на Балкан Опен Куп. Штипскиот клуб и минатата година беше најуспешен во ова натпреварување, со што уште еднаш ја потврди континуираната работа со младите категории.

Во големото финале, односно 10. коло од „Балкан Опен Куп“ – Меморијал „Алексо Огненовски“, боксерите на „Пинк Пантер“ беа меѓу најбројните екипи и со квалитетни настапи заслужено стигнаа до новата титула.

Клубот од Штип покажа дека сериозно вложува во младите боксери, а под водство на тренерот Петре Чурулиновски, во иднина може да се очекуваат уште поголеми резултати.

„Пинк Пантер“ го освои првото место со 33 бода, пред „Константин“ од Лозница со 21 бод, додека „Бијело Поље“ и „Нови Пазар“ освоија по 13 бода.

Екипен пласман:

Пинк Пантер – 33 бода

Константин Лозница – 21 бод

Бијело Поље – 13 бода

Нови Пазар – 13 бода

Тимот на Борец.мк им честита на победниците и на организаторот на овој меѓународен настан.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде