Во организација на Кик бокс Маитаи федерацијата на Македонија, во Скопје се одржа Националното првенство во кик бокс за сите возрасни категории.На првенството учествуваа 441 натпреварувач од 29 клубови од целата држава. Според организаторите, ова е најмасовното национално кик бокс првенство.
Најуспешен клуб на државниот шампионат е КБК Шампион од Скопје со вкупно освоени 45 медали – 31 златен, 8 сребрени и 5 бронзени, пред Гладијатор од Скопје со 44 – 23 златни, 11 сребрени и 10 бронзени и Тим Зоран со одликувања, од кои 10 златни, 6 сребрени и 8 бронзени.
Реализацијата на првенството беше поддржана од Министерство за спорт и Македонски олимписки комитет.






