Недим Шаќири, не успеа да стигне до медал.
Тој имаше меч за бронзен медал со натпреварувачот од Грузија но во клучниот меч загуби со резултат 1:9 и со тоа се пласира на 5 место во категорија – 60 кг. машки сениори.
Кај женските најдобро пласирана е Ера Коџа на 7 место во категорија -68 кг . женски сениорки.
А во екипниот дел женскиот тим во борба сениорки се пласирани на 9 место на ова европско карате првенство.
За жал машката екипа и покрај одличните двете победи и минималниот пораз во четврт финале од Црна Гора со 2:3 не доби шанса да работи во репасажот .
Со ова младата сениорска македонска карате репрезентација го заврши европското првенство.






