Викендов 13 и 14 јуни 2026 г. со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи 11. по ред Меѓународен Џудо Турнир „Struga Open 2026“.
Оваа година турнирот ќе собере повеќе од 800 натпреварувачи од 20 земји, кои ќе ги покажат своите вештини, спортски дух и љубов кон џудото.
Домаќин на настанот е Спортската сала Билјанини Извори
Џудо федерацијата на Македонија ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од овој голем меѓународен спортски настан и да ги поддржат младите џудисти во нивните настапи.






