Бронзен медал за Давид Атанасовски на Балканското првенство кое се одржа во Нови Сад од 29 до 31 мај 2026 година.
Давид Атанасовски е ученик во ДУФК „Методи Митевски – Брицо“ и достојно ја претставуваше македонската кик бокс репрезентација на Балканското првенство.
Во силна конкуренција во дисциплината Kick Light, категорија јуниори до -63 кг, Давид покажа борбеност, дисциплина и спортски дух, освојувајќи бронзен медал.






