„Senior European Cup“ -2026 во Скопје на 19 и 20 септември. Досега се пријавени над 440 џудисти од повеќе од 40 држави и 4 континенти. Бројки кои говорат сами за себе и се потврда дека светската џудо елита го препознава Скопје како сериозен и квалитетен домаќин.

Ова не е само уште едно големо спортско натпреварување. Ова е резултат на посветеноста, професионалноста и одличната организација на Џудо Федерацијата на Македонија, која со секој следен меѓународен настан го гради имиџот на нашата земја на европската и светската џудо сцена.
Скопје и Македонија, заслужено се дел од светската елита.






