На 26 септември 2026 во градската спортска сала во Пакрач, Хрватска, ќе се одржи „BARABER FIGHT NIGHT“ (BFN)
Главниот меч на вечерта ќе го предводи иницијаторот на настанот Леон Крајачиќ во тешка категорија. Борбата е најавена во специфичен екстремен бокс со мали ракавици и дозволени удари со лактови.
Настанот привлекува големо внимание кај македонската јавност бидејќи на него ќе настапи и познатиот македонски ММА борец Ристо Димитров, кој во кафезот ќе ги одмери силите со Душан Жељко од Бачка Паланка.

Македонија со свои претставници:
Дарко Димитриев – Патрик Кожул (62 кг)

Јордан Ѓошев – Џејмс Нокај (66 кг)

Виктор Ифтимов – Илија Сухаљ (90 кг)

Тројцата борци се од Центарот за боречки вештини „Будо“-Кавадарци
Се очекуваат околу 20 аматерски и професионални ММА борби со натпреварувачи од 8 европски и други земји.
Наскоро…повеќе детали за борбите
Тимот на Борец.мк им посакува успех
Македонија, земја на шампиони






