Екипата на Борец.мк со ексклузиво интервју од терен во Неготино, ви ја пренесува атмосферата пред стартот на „Balkan boxing 13“. Салата „Младост“ ја покажува својата големи во организацијата на овој настан.

Со Чатлески Матеј, зборувавме на неколку теми: Нашиот фокус секако е неговата подготвеност и претставување на својот клуб и Македонија во најдобро светло.

Борец.мк: Како се чувствувате, подготвени ли сте за предизвикот на домашен терен?

Чатлески: Апсолутно!, Комотно можам да кажам дека во моментов се наоѓам во мојата најдобра животна форма.

Борец.мк: Како течеа подготовките?

Чатлески: Фала му на Господ подготовките поминаа одлично, без никакви повреди. И сме повеќе од спремни да прикажеме еден одличен и жесток меч!

Борец.мк: Имате искусен противник, што очекувате?

Чатлески: Свесен сум за предизвикот кој е пред нас, боксувам со борец кој бил предизвикувач на WBC, IBF, IBO светски младински титули. Но, тоа ми дава само дополнителен мотив за овој меч, да го извадам најдоброто од мене. Освен тоа со противникот имаме сличен фајтерски стил, а знаејќи го тоа гарантирам многу интересен меч за целата публика!

Борец.мк: За прв пат сме домаќини на ваков настан, успеавме ли како земја да одговориме искусно на овој спектакл во Неготино?

Чатлески: Да, апсолутно, мора за тоа да се заблагодарам на локалната самоуправа и градоначалничката на општина Неготино, за целата поддршка и одличната гостопримливост.

Тимот на Борец.мк на Чатлески му посакува голем успех!

Храброста е на твоја страна, Македонија земја на шампиони!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде