Претседателот на Македонска Боксерска Федерација, Кристијан Андреевски, оствари средба со претседателот на World Boxing, Gennady Golovkin (Генадиј Головкин), за време на престижниот турнир „Белградски Победник“ 2026.
Средбата помина во одлична и пријателска атмосфера, при што се разговараше за иднината на боксот, меѓународната соработка и можностите за развој на македонскиот бокс.
Ова претставува уште една потврда дека Македонска Боксерска Федерација активно гради релации со највисоките структури во светскиот бокс.






